Прескокни до главната содржина
Почетна страница Вести Brendovite na grupacijata Geely vo prvoto trimesecje od 2025 godina ostvarija 31 godisen rast na prodazbata

  • Во првите три месеци од 2025 година, вкупната продажба на сите брендови од портфолиото на Geely Holding достигна 946.627 возила, што претставува 31% зголемување во однос на истиот период минатата година
  • Продажбата на електрифицирани возила на групацијата Geely се зголеми за 83%, достигнувајќи 463.372 возила, што претставува 49% од вкупната продажба

Групацијата Zhejiang Geely Holding Group (Geely Holding) објави дека вкупната продажба во првото тримесечје од 2025 година кај сите нејзини автомобилски брендови достигнала 946.627 возила, што претставува пораст од 31% во споредба со истиот период минатата година. Geely Holding во првото тримесечје продаде 463.372 електрифицирани возила на нова енергија (NEV), што претставува 83% годишен раст и 49% од вкупната продажба.

Ова е второ тримесечје по ред во кое групацијата ја надминува границата од 900.000 продадени возила, што ја потврдува силната конкурентност на нејзините брендови и производи. Продажбата на електрифицирани возила достигна рекорд во март 2025 година, при што тие учествуваа со 52% во вкупната продажба на Geely Holding.

Детали за продажбата на возила
Geely Auto, холдинг компанијата која котира на берзата во Хонгконг (HK.0175) и покрај брендот Geely ги вклучува и компаниите Lynk & Co и Zeekr, во првото тримесечје продаде вкупно 703.824 возила, што претставува приближно 48% зголемување во однос на минатата година. Продажбата на брендот Geely достигна 589.813 возила, што е зголемување од 55% на годишно ниво. Lynk & Co, премиум брендот на компанијата, продаде 72.608 возила, што претставува зголемување од 19% на годишно ниво. Висококвалитетниот бренд за електрична мобилност Zeekr продаде 41.403 возила, што е зголемување од 25% во споредба со истиот период минатата година.

Клучни моменти поврзани со возилата
Градскиот електричен SUV Geome Star Wish (не е достапен во Европа) на брендот Geely достигна рекордна продажба во март од 32.490 возила. Неодамна започнаа и преднарачки за премиум шестсед SUV од средна класа на брендот Lynk & Co – моделот Lynk & Co 900 (не се продава кај нас). Дополнително, неодамна беше претставен и новиот глобален знаменосец на брендот Zeekr – Zeekr 9X.

Глобалната експанзија на брендови како Geely, Lynk & Co и Zeekr продолжи со забрзано темпо и во 2025 година. Продажбата надвор од Кина достигна 89.953 возила. Моделот Geely EX5 (се очекува кај нас до лето) беше последователно лансиран во Индонезија, Австралија, Нов Зеланд, Виетнам и Латинска Америка, како и во Тајланд, каде првите купувачи веќе го добија. Zeekr официјално влезе на египетскиот пазар со моделите Zeekr 001 и Zeekr X. Lynk & Co се прошири на брзорастечките пазари на Лаос и Доминиканска Република и го лансираше својот најнов модел – Lynk & Co 08 EM-P – во Европа (се очекува кај нас во јули).

Volvo Cars во првото тримесечје продаде вкупно 172.219 возила глобално, од кои 74.483 беа електрифицирани, што претставува 43% од вкупната продажба. Глобалната продажба на брендот Polestar во истиот период достигна 12.204 возила, што претставува приближно 76% годишен раст. Farizon, производителот на електрични комерцијални возила, продаде 26.710 возила на глобално ниво, што е зголемување од 62% во споредба со минатата година.

Информирај ме

Ако сакаш да те известуваме за новитети и интересни информации, само внеси ги своите податоци подолу. Е, и не се грижи, нема да те затрупаме со спам! Контакт податоци

ЧПП

Која е приказната за брендот Lynk & Co?

Lynk & Co е глобален автомобилски бренд, осмелувајќи се да ја предизвика утврдената автомобилска индустрија со понуда на решенија прилагодени на потребите и барањата на новата генерација глобално поврзани корисници. Со сосема нов пристап кон дизајнот, производите и понудата на услуги, Lynk & Co ја подигнува урбаната мобилност на ново ниво.

Каде се произведуваат вашите автомобили?

Нашите возила се дизајнирани и проектирани во Гетеборг, Шведска и произведени во најсовремени фабрики во Јујао, Кина.

Кои се предностите на возилата на Lynk & Co?

Нашите хибридни возила нудат ниски емисии, тивок рад и пониски трошоци на гориво. Покрај тоа, придонесуваат за намалување на емисиите на јаглероден диоксид и други компоненти базирани на јаглерод.

Како можам да резервирам тест возење?

Можете да резервирате тест возење преку нашата веб-страница или со повикување на нашиот контакт број. Само изберете го времето и местото што најмногу ви одговара.