Прескокни до главната содржина
Specification of the Lynk & Co 01 model year 2022/2023, click here
Lynk & Co 01
ПРЕГЛЕД

До 75 км*

Електричен досег

2,8 l/100 km

Комбинирана потрошувачка на гориво (WLTP)

7.7 s

0-100 km/h

63 g/km

емисија на CO2

Автомобил со карактер

Моќната, но и елегантна надворешност на новиот 01 го прави да се истакнува во толпата, а внатрешноста е дизајнирана со удобност и разновидност во фокус.

Гладок и моќен

Гладок и моќен

Со целосно нов погонски склоп, ќе добиете забрзување кога ви е потребно, но и поефикасно и погладко искуство во возењето. Ќе ја почувствувате разликата на патот - и ќе ја видите во заштедата на гориво.

Полни и тргни

Полни и тргни

Со електричен досег од 75 км*, новиот 01 ви дава слобода да одите каде што треба. Полната батерија (0-100%) се полни за помалку од 3 часа. А кога ќе треба да одите малку подалеку, бензинскиот мотор и регенеративното сопирање ќе ве однесат таму.

Најсовремена технологија

Најсовремена технологија

Новиот 01 е исполнет со технологија која го олеснува вашето секојдневие и ги прави патувањата поудобни. Многу побрз и поодзивен инфо-забавен систем и екран од 15,4 инчи, 5G конекција со Wi-Fi hotspot и ажурирања преку интернет кои ќе го одржат вашиот автомобил во чекор со најсовремената технологијата.

Безбедност на прво место

Безбедност на прво место

Новиот 01 продолжува со силната Скандинавска традиција на безбедност, опремен со напредни безбедносни функции како што се помош на пат и препознавање на сообраќајни знаци, кои се вклучени како стандард. Тие не само што ќе ве чуваат безбедни, туку ќе го направат возачкото искуство поудобно и попријатно.

Core или More

Core или More

Животот е полн со избори, од житарки за појадок до стриминг серии. Затоа, со новиот 01 направивме да е едноставно. Само одберете помеѓу два нивоа на опрема и три различни бои. И приклучок за влечење ако тоа ви е важно. Што и да изберете, добивате одличен автомобил.

Апликации во автомобилот

Апликации во автомобилот

Новиот 01 доаѓа со различни апликации и можност за преземање преку продавницата за апликации во автомобилот.

Прилагодете го вашиот автомобил

Прилагодете го вашиот автомобил

Покажете го вашиот карактер со амбиенталните светла (01 More), програмирачкото копче на управувачот и многу повеќе.

Тест возење

Подготвени за возење?

Секако дека може да ги прочитате спецификациите и да ги погледнете сликите. Но, ако сакате целосно искуство, најдобриот начин е да го испробате сами. Закажете пробно возење на локација блиску до вас.