Прескокни до главната содржина
Почетна страница Вести Lynk & Co 02 postigna najvisoka ocenka za bezbednost na Euro NCAP vo segmentot na kompaktni SUV

Со извонредни резултати во сите категории на оценување - вклучувајќи ја и највисоката досега регистрирана оценка од 89% за системи за помош за безбедност - 02 поставува нов безбедносен стандард во својот сегмент, додека ја продолжува посветеноста на Lynk & Co кон комбинирање на иновативен дизајн, одржливост во реалниот свет и напредна технологија.

Безбедноста е карактеристика која го дефинира Lynk & Co 02. Станувајќи најбезбедното возило во својата класа тестирано досега од Euro NCAP според последниот циклус на тестови, 02 му се придружува на својот брат, plug-in хибридот 01, и двата се оценети со целосни 5 ѕвездички. За Lynk & Co, ова признание нагласува дека напредната технологија која е дизајнирана имајќи ги предвид реалните луѓе кои ја користат, може да испорача исклучителни резултати и интуитивно корисничко искуство.

Највисокиот резултат на 02 се базира на резултатите од тестот во четири категории: Возрасни патници, Деца патници, Ранливи учесници во сообраќајот и Системи за помош за безбедност. 02 постигна извонредни резултати во секоја област: 90% за заштита на возрасни патници, 87% за заштита на деца патници, 83% за заштита на ранливи учесници во сообраќајот и извонредни 89% за системи за помош за безбедност, највисок резултат досега забележан од Euro NCAP според последниот циклус на тестови.

„Безбедноста отсекогаш била клучен столб на нашата производствена стратегија, а со Lynk & Co 02 ја подигнавме летвичката – и за себе и за целиот сегмент,“ изјави Дејвид Грин, потпретседател за производи и стратегија во Lynk & Co International. „Освојувањето на највисоката оценка од Euro NCAP досега забележана за компактен SUV е показател за насоката во која се движиме. Додека го прошируваме нашето портфолио на производи, ова признание ја зацврстува нашата заложба за создавање возила што не се само иновативни и одржливи, туку и меѓу најбезбедните на патиштата. Тоа ја поставува основата за тоа што купувачите можат да го очекуваат од Lynk & Co – сега и во иднина. ”

За Lynk & Co, ова признание е потврда за вредноста на тоа да се создаваат автомобили со интегритет, при што вистинските искуства се ставаат во фокусот на она што навистина е важно. Пристапот на Lynk & Co кон напредната технологија за безбедност носи реални придобивки за заедницата – а тоа е чувството на сигурност. Без разлика дали возите низ густ сообраќај во градот или патувате по отворен пат, моделот 02 е дизајниран и конструиран да обезбеди максимална заштита за вас и за оние околу вас.

Lynk & Co 02 е достапен низ целиот регион на Југоисточна Европа, во 12 земји. За да закажете тест возење и да дознаете повеќе, посетете ја вашата локална веб-страница на Lynk & Co.

За да дознаете повеќе за Euro NCAP и да го прочитате целиот извештај за Lynk & Co 02, посетете ја страницата: Lynk & Co 02.
 

Информирај ме

Ако сакаш да те известуваме за новитети и интересни информации, само внеси ги своите податоци подолу. Е, и не се грижи, нема да те затрупаме со спам! Контакт податоци

ЧПП

Која е приказната за брендот Lynk & Co?

Lynk & Co е глобален автомобилски бренд, осмелувајќи се да ја предизвика утврдената автомобилска индустрија со понуда на решенија прилагодени на потребите и барањата на новата генерација глобално поврзани корисници. Со сосема нов пристап кон дизајнот, производите и понудата на услуги, Lynk & Co ја подигнува урбаната мобилност на ново ниво.

Каде се произведуваат вашите автомобили?

Нашите возила се дизајнирани и проектирани во Гетеборг, Шведска и произведени во најсовремени фабрики во Јујао, Кина.

Кои се предностите на возилата на Lynk & Co?

Нашите хибридни возила нудат ниски емисии, тивок рад и пониски трошоци на гориво. Покрај тоа, придонесуваат за намалување на емисиите на јаглероден диоксид и други компоненти базирани на јаглерод.

Како можам да резервирам тест возење?

Можете да резервирате тест возење преку нашата веб-страница или со повикување на нашиот контакт број. Само изберете го времето и местото што најмногу ви одговара.