Користиме колачиња за да се осигуриме дека нашата веб-страница работи правилно, да ги персонализираме содржините и рекламите, да овозможиме функции за социјално вмрежување и да го анализираме мрежниот сообраќај. Споделуваме информации за вашето користење на нашата веб-страница со нашите партнери за социјални медиуми, рекламирање и аналитика.
Известување за приватноста
1. ВОВЕД
Ова известување за приватноста е наменето да ги информира поединците (односно, корисниците на веб-страницата) за обработката на неговите/нејзините лични податоци (собирање, користење и чување) што се спроведува на или преку www.lynkco-see.com/mk/ (во натамошниот текст „Известување за приватноста“).
2. ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТРОЛОРОТ НА ПОДАТОЦИ
Контролорите на лични податоци што се собираат и обработуваат во врска со користењето на www.lynkco-see.com/mk/ се VCAG д.о.о., Словенија и KMAG д.о.о., Словенија (во натамошниот текст „VCAG“, „ние“ или „нас“):
VCAG, zastopanje in prodaja vozil, d.o.o.
Лескошкова 2, 1000 Љубљана, Република Словенија
Матичен број: 6620094000, ДДВ број: SI 64875318
Е-пошта: [email protected]
KMAG Kia Motors Adria Group, zastopstvo d.o.o.
Лескошкова 2, 1000 Љубљана, Република Словенија
Матичен број: 5860059000, ДДВ број: SI 50680625
Е-пошта: [email protected]
3. ИНФОРМАЦИИ ЗА КОНТАКТ
Ако имате какви било прашања во однос на или во врска со условите на ова Известување за приватноста, или ако би сакале да поднесете приговор за нашата обработка на вашите лични податоци, или би сакале да остварите некое друго ваше право (видете оддел 9), обратете ни се преку податоците за контакт дадени погоре или контактирајте со нашиот офицер за заштита на податоците (ОЗП – видете го одделот 11 за повеќе информации):
Е-пошта: [email protected]
Поштенска адреса: KMAG д.о.о. – офицер за заштита на податоци (ОЗП) (DPO / Data Protection Officer), Лесковшкова 2, 1000 Љубљана / Словенија
4. СУБЈЕКТИ НА ПОДАТОЦИ ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СЕ ОБРАБОТУВААТ
Ова Известување за приватноста се однесува на собирање и обработка на лични податоци на корисниците на www.lynkco-see.com/mk/ (во натамошниот текст „Корисници“).
5. КАТЕГОРИИ ОБРАБОТЕНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ, ЦЕЛ НА ОБРАБОТКАТА И ЗАКОНСКИ ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА
Што се лични податоци?
Лични податоци значи информации поврзани со идентификувано физичко лице или лице што може да се идентификува; физичко лице што може да се идентификува е лице кое може да биде идентификувано, директно или индиректно, особено со упатување на некој идентификатор, како што се името, идентификацискиот број, податоците за локација, онлајн идентификатор или со еден или повеќе фактори што се специфични на физичкиот, физиолошкиот, генетскиот, менталниот, економскиот, културниот или социјалниот идентитет на тоа физичко лице.
Кои лични податоци ги собираме?
Ги собираме и обработуваме вашите лични податоци што активно ни ги доставувате преку www.lynkco-see.com/mk/ (на пример, кога издавате нарачка, потврдувате регистрација, ни праќате е-порака), што ги вклучува следниве категории лични податоци:
- Основни лични податоци за поединецот: име, презиме, име на компанијата (ако е применливо), датум на раѓање;
- Податоци за контакт: Држава, адреса, поштенски број, град, телефон, е-пошта;
- Податоци во однос на возилото и на други производи наLYNK&CO: модел, година, VIN бр.;
- Информации во однос на избраната услуга/нарачка: информации за избраното возило /услуга, бараниот документ, информации за избраниот сервисер на LYNK&CO (услуга, дополнителна опрема), информации за избраниот дилер на LYNK&CO, информации за закажување на барана услуга или закажување на тест-возење; информации за барано сервисирање на возило;
- Информации за избраните средства за комуникација соLYNK&CO и за комуникацијата соLYNK&CO;
- Информации за овозможување на креирање на профили;
- Информации во однос на вашата опрема: IP адреси;
- Информации во однос на вашето користење на веб-страницата.
- Кои законски основи ги користиме за да ги обработуваме вашите лични податоци?
Според важечките одредби од Законот за заштита на лични податоци и/или други закони со кои се регулира заштитата на лични податоци, може да ги обработуваме вашите лични податоци само ако постојат еден или повеќе законски основи за обработка. Тие го вклучуваат следново:
- Согласност – ако сте дале согласност за обработка на вашите лични податоци за една или за повеќе наведени цели;
- Договор – обработката е неопходна за извршување на договор во кој Корисникот е страна или за извршување на дејство по барање од Корисникот со склучување на договор;
- Законска обврска – обработката е неопходна заради усогласување со законска обврска на која подложи контролорот;
- Витални интереси – обработката е неопходна заради заштита на виталните интереси на субјектот на податоци или на друго физичко лице;
- Јавен интерес – обработката е неопходна за извршување задача што се спроведува во јавен интерес или за остварување јавно овластување што му е дадено на контролорот;
- Легитимни интереси – обработката е неопходна за легитимни интереси што ги има контролорот или трета страна, освен кога таквите интереси се потиснати од интересите или основните права и слободи на Корисникот кој бара заштита на личните податоци, особено кога субјектот на податоци е дете.
За кои цели и врз кој основ ги обработуваме вашите лични податоци?
Личните податоци ги обработуваме само за специфични, експлицитни и легитимни цели опишани подолу, а не ги обработуваме на ниеден начин што не е усогласен со овие цели.
| Цел | Законски основ |
| Извршување ваш налог или обработка на ваше барање | Договор |
| Одговор на ваше барање за информации | Договор |
| Осигурување на безбедноста на информациите, вклучително и безбедноста на нашата веб-страница. | Легитимен интерес |
| Анализа на користењето на нашата веб-страница, вклучително кликнувања и други податоци во однос на користењето на веб-страницата (на пример, преку Google Analytics) | Легитимен интерес |
| Подобрување на вашата посета на една од нашите веб-страници или портали, подобрување на нашите производи и услуги воопшто | Легитимен интерес |
| Трансакции на компании. Во случај на спојување или аквизиција меѓу компании, вашите лични податоци може да бидат споделени со потенцијален купувач или инвеститор | Легитимен интерес |
| Решавање спорови, постапување со законски побарувања | Законска обврска Легитимен интерес Јавен интерес |
| Праќање вести и други известувања поврзани со LYNK&CO (персонализирана маркетинг комуникација) | Согласност |
| Регистрација за закажување услуга и известување за датумот и времето на закажаната услуга | Договор |
| Регистрација за тест-возење и известување за датумот, времето и локацијата на тест-возењето | Договор |
| Дистрибуција на каталог на возила на LYNK&CO преку е-пошта или редовна пошта | Договор |
| Известување за достапноста на резерви на дополнителна опрема за возила на LYNK&CO | Договор |
| Апликација за работа | Договор |
6. ПРИМАЧИ / КАТЕГОРИИ ПРИМАЧИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Пристапот до вашите лични податоци е ограничен на оние лица што треба да ги знаат заради извршување на нивната работа или на договорни обврски.
Во зависност од целите за кои VCAG ги обработува вашите лични податоци, ние може да ги пренесеме или да им ги обелодениме на следниве категории примачи на лични податоци заради специфични цели:
i. овластени вработени лица на компанијата VCAG или на нејзините деловни единици;
ii. сервисери од овластената сервисна мрежа на VCAG или агенти од мрежата агенти на LYNK&CO што дејствуваат како наши договорни обработувачи или одделно како независен контролор на лични податоци;
iii. наши изведувачи (договорни обработувачи на лични податоци), од кои секогаш се бара да се усогласени со важечките закони, нашата политика за приватност и строго да внимаваат на доверливоста на вашите лични податоци:
- рекламни, маркетинг и промотивни агенции и давателои на услуги, на пример, Google (Google – само колачиња/ИД на колачиња за цели на повторен маркетинг, адреса на е-пошта за прикажување реклами во Google AdWords, колачиња/ИД на колачиња за цели на анализа во Google Analytics; Facebook – само колачиња/ИД на колачиња за цели на повторен маркетинг, адреса на е-пошта за прикажување реклами во Facebook Custom Audiences), Pardot, HotJar, SalesForce, InfoBip, кои ни помагаат да ги спроведеме и да ја анализираме ефективноста на нашите кампањи и промоции;
- компании што даваат други услуги за или во име на VCAG (на пример, надворешни даватели на ИТ услуги, сметководствени услуги, правни фирми итн.);
iv. други трети страни:
- кога тоа претставува наша договорна обврска (на пример, за некој производител на возила);
- кога се бара со закон или е законски неопходно заради заштита на правата на VCAG;
- кога е неопходно за да се обезбеди усогласеност со законите, со барања од надлежни органи, судски налози, законски постапки, обврски поврзани со пријавување и поднесување информации кај надлежни органи итн.;
- кога е потребно заради заштита на права, имот или безбедност на VCAG и/или на неговите клиенти.
Нашите деловни партнери наведени под точка iii. погоре може да ги обработуваат вашите лични податоци само во контекст на нашите инструкции и не смее да ги користат вашите лични податоци заради остварување сопствени интереси.
7. ПРЕНОС НА ПОДАТОЦИ ВО ТРЕТИ ЗЕМЈИ
VCAG не ги пренесува или проследува собраните лични податпоци во други држави и/или земји надвор од Северна Македонија и Словенија, освен ако тоа е неопходно за извршување одредени дејства (на пример, поддршка на деловните процеси), извршување на договори или преддоговорни спогодби со корисниците.
Во случај на трансфер на лични податоци во странство, VCAG ќе обезбеди примена на соодветни мерки за заштита на лични податоци пропишани со важечкиот Закон за заштита на лични податоци.
Доколку се изврши пренос во трети земји, Корисниците ќе бидат соодветно известени за таквите преноси (кој е примачот и каде е лоциран) и за тоа кои лични податоци се праќаат за таа цел.
8. ПЕРИОД НА ЧУВАЊЕ
Вашите лични податоци ќе ги чуваме во согласност со важечкото законодавство со кое се регулира заштитата на лични податоци. Личните податоци ќе ги чуваме сѐ додека тоа е неопходно за целите за кои тие се обработуваат или за усогласеност со релевантното законодавство. Кога обработката на вашите лични податоци повеќе не е неопходна, ефективно и трајно ќе ги избришеме или анонимизираме вашите лични податоци за тие повеќе да не може да се поврзат со вас (освен до степен до кој се бара од нас да ги зачуваме вашите лични податоци заради почитување на законски обврски, на пример, лични податоци содржани во договори, комуникации, деловни писма, фактури, кои може да подложат на обврска за чување до 10 години). Личните податоци обработени врз основа на вашата лична согласност ќе ги чуваме додека не ја повлечете согласноста. Меѓутоа, личните податоци што се обработуваат врз основа на договорен однос со вас ќе бидат зачувани за времетраењето на договорниот однос и 5 години по неговото завршување (што претставува општ период на ограничување).
9. ВАШИ ПРАВА
Ако сте дале согласност за обработка на вашите лични податоци, може да ја повлечете согласноста во секое време со испраќање пишана изјава или порака преку е-пошта на [email protected], во пишана форма на записник до ОЗП во нашите деловни простории или на други начини објавени на нашата веб-страница. Повлекувањето на согласноста за обработка на лични податоци може да резултира со тоа VCAG да не биде во можност да ви обезбеди една или повеќе услуги што не може да се извршат без лични податоци (на пример, тест-возења или персонализирани маркетинг комуникации) по повлекувањето на согласноста за обработка на лични податоци.
За да се обезбеди и да ви се овозможи да ги остварите вашите права, секогаш може да се обратите до нашиот офицер за заштита на податоци, кој ќе обезбеди директно остварување на вашите основни права:
- Право на пристап до вашите лични податоци: може да имате право од нас да побарате да потврдиме дали ги обработуваме вашите лични податоци и, ако ги обработуваме, да побарате пристап до вашите лични податоци и информации за пристапот, вклучително, без ограничување, целите на обработката, категориите лични податоци што се обработуваат, корисниците или категориите корисници на кои им се обелоденети или ќе им бидат обелоденети вашите лични податоци. Без оглед на наведеното, ова не е ваше апсолутно право и интересите на други поединци може да го ограничат вашето право на пристап. Вие имате право да добиете копија од личните податоци што се предмет на обработка. Ние може да ви наплатиме разумен надоместок за сите дополнителни копии што може да ги побарате, имајќи ги предвид настанатите административни трошоци;
- Право на исправка на вашите лични податоци: ако најдете грешка во вашите лични податоци, или ако сметате дека тие се нецелосни или неточни, имате право да побарате од нас да ги исправиме неточните лични податоци. Во зависност од целта на обработката, вие имате право нецелосните лични податоци да бидат комплетирани, вклучително и со поднесување дополнителна изјава;
- Право на бришење на вашите лични податоци: ако повеќе не сакате да ги чуваме вашите лични податоци или ако целта за која сме ги собрале повеќе не постои, или ако временското ограничување за чување на таквите лични податоци истекло, вие имате право, под одредени околности, да побарате да ги избришеме вашите лични податоци и контролорот ќе има обврска да ги избрише без непотребно одложување;
- Право на ограничување на обработката на вашите лични податоци: имате право, под одредени услови, да побарате од нас да ја ограничиме обработката на вашите лични податоци. Во тој случај, предметните лични податоци ќе бидат означени и нема да може да се обработуваат од страна на контролорот за специфични цели;
- Право на преносливост на податоците: под одредени услови, имате право да ги добиете личните податоци што сте ни ги доставиле во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат, како и право да ги пренесете тие податоци до друг контролор без попречување од наша страна;
- Право на приговор: под одредени услови, имате право да приговорите (да се спротивставите) на обработката на вашите лични податоци во секое време, врз основа што е поврзана со вашата конкретна ситуација или кога вашите податоци се обработуваат за директни маркетиншки цели. Во овој случај, контролорот има обврска да прекине со обработката на вашите лични податоци.
Ако ги обработуваме вашите лични податоци за цели на директен маркетинг, вие имате право и да приговорите во кое било време на обработката за цели на таков маркетинг, или само на автоматизирана обработка, вклучително профилирање.
Во согласност со законодавството со кое се регулира заштитата на лични податоци, вие имате право да поднесете приговор до надлежниот орган за заштита на податоците ако сметате дека обработката на вашите лични податоци не е во согласност со Законот за заштита на лични податоци или друг важечки закон.
10. ПРОФИЛИРАЊЕ
Одредени информации (како што се, без ограничување, моделот и староста на возилото) ги користиме за да оцениме и процениме која комуникациска содржина би била најинтересна и најкорисна за вас. Тоа е со цел да се зголеми нашата способност да ви ги презентираме најрелевантните возила, производи или услуги. Тоа значи дека различни групи (профили) поединци добиваат маркетиншки пораки со различна содржина, која може да опфати услови за купување (на пример, кога групираме поединци во групи (профили), ние, исто така може да ја следиме, евидентираме и користиме реакцијата на поединецот на маркетиншките пораки, на пример, отворања на е-пошта, кликнувања на линкови, време поминато на определен линк итн.).
11. ОФИЦЕР ЗА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ – ОЗП
Офицерот за заштита на податоци – ОЗП независно обезбедува VCAG точно да ги применува правилата со кои се регулира заштитата на вашите лични податоци. Мандатот и примарната задача на ОЗП е да обезбеди VCAG, како контролор на податоци, да е усогласен со сите обврски за заштита на податоци и субјектите на податоци да бидат информирани за своите права и обврски според Законот за заштита на лични податоци и други закони за заштита на лични податоци што одвреме навреме се во сила.
Офицерот за заштита на податоци ги има следниве задачи:
- информирање и советување на контролорот или на обработувачот и на вработените што вршат обработка, за нивните обврски според Законот за заштита на лични податоци и други закони за заштита на лични податоци што одвреме навреме се во сила;
- следење на усогласеноста со Законот за заштита на лични податоци, со други закони за заштита на лични податоци што одвреме навреме се во сила и со политиките на конторлорот или на обработувачот во однос на заштитата на лични податоци, вклучително доделување задачи, подигање на свеста и обука на персоналот вклучен во операциите за обработка и поврзаните ревизии;
- советување, кога ќе се побара, и следење на спроведувањето на процената на влијанијата на обработката на лични податоци во согласност со Законот за заштита на лични податоци;
- соработка со надзорен орган (Агенција за заштита на лични податоци);
- дејствување како точка за контакт за надзорниот орган за прашања поврзани со обработка, вклучително претходна консултација, како што е наведено во Законот за заштита на лични податоци и, кога е соодветно, консултација за секое друго прашање.
Информации за офицерот за заштита на податоци на VCAG и неговите/нејзините податоци за контакт може да се најдат во Оддел 3 од ова Известување за приватноста.
12. ЗАШТИТА НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
VCAG користи технички и организациски безбедносни мерки за заштита на вашите лични податоци од незаконски и неовластен пристап или користење, како и од случајна загуба или компромитирање на нивниот интегритет. Во сите мерки треба да се земе предвид нашата сопствена ИТ инфраструктура, потенцијалното влијание врз вашата приватност и трошоци, а во согласност со тековните стандарди и практики во секторот. Договорните обработувачи ќе ги обработуваат вашите лични податоци само ако се усогласени со овие технички и организациски безбедносни мерки.
13. ВАЖНОСТ И ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА ПРИВАТНОСТА
Предметното известување за приватноста важи за сите корисници што ја користат веб-страницата и му доставуваат лични податоци на контролорот на податоци за управување и натамошна обработка.
Известувањето за приватноста ги обврзува контролорот на податоци, обработувачите на податоци и корисниците за пренос, управување и обработка на личните податоци на корисниците, како и за остварување на правата на корисниците и обврските на опрераторот и обработувачите на податоци.
Известувањата за приватноста се интегрален дел од секоја обработка на лични податоци, во согласност со однапред дефинирани цели, основи за обработка, корисничка содржина и видови лични податоци што се предмет на натамошна обработка.
Корисникот се информира однапред за Известувањето за приватноста, кое е достапно на веб-страницата на VCAG и за сите форми и дејства во кои корисникот може да поднесе лични податоци за обработка.
Во случај на законски измени, воведување нови технологии или понуда на дополнителни услуги, може да постои потреба и за изменување и дополнување/ажурирање на предметното Известување за приватноста, па според тоа VCAG го задржува правото на измена/дополнување на Известувањето за приватноста во секое време. Сите измени и дополнувања на Известувањето за приватноста ќе бидат објавени на веб-страницата www.lynkco-see.com/mk/ или вие ќе бидете известени за измената на друг соодветен начин.
Овие услови на Известувањето за приватноста важат и се применливи од 22. 4. 2025.
VCAG д.о.о.